Шеќеринска ќе се сретне со Колинда Грабар

by fokus 14:14
14:14

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска ќе има средба со претседателката на Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ, за време дводневната официјална посета на оваа земја.

Шеќеринска заминува во Хрватска утре на покана на нејзиниот хрватски колега, министерот Дамир Крстичевиќ.

- Advertisements -

Во хрватското Собрание, македонската министерка ќе се сретне и со претседателот на собраниската Комисија за одбрана, Игор Драгован, а ќе ја посети Командата на специјалните сили на хрватските вооружени сили, и ќе одржи предавање на Хрватското воено училиште.

 

Поврзани новости