Премиерот, Зоран Заев, денеска одржа прес конференција на коjа ги соопшти последните податоци за растатот на Бруто домашниот производ, кој бележи 4,1 отсто во првиот квартал од 2019 година. Ова, според Заев, е највисок квартален раст во последниве две години.
-Паѓаат во вода вчерашните небулози на ВМРО-ДПМНЕ дека нема напредок во економијата. Податоците ги демантираат сите нивни драматични и лажни информации. Може треба на глава да стојам за опозицијата да сфати дека економските параметри се одлични. Владините политики даваат одлични резултати, а опозицијата лаже – рече Заев.
Тој додаде дека се зголемува куповната моќ на граѓаните, а се забележува и пораст на платите. Невработеноста, рече премиерот, во првиот квартал е 17,8 отсто, односно намалување за 4,8 отсто за две години, или отворени нови 49.522 нови работни места.