Премиерот, Зоран Заев, направи проекција на повеќе сценарија кои може да се случат на референдумот на 30ти септември. Тој посочи дека доколку мнозинството граѓани гласаат против тогаш парламентарното мнозинство ќе го поништи Договорот со грција.
Проекциите ги темели на претпоставката дека цензус значи околу 920.000 гласачи.
-Претпоставуваме случаи каде еден милион граѓани ќе излезат на реферндумот, од нив 600.000 гласаат „за“, а 400.000 против, таа одлука се преточува низ институциите на системот и пратеници сепак одлучуваат како ќе гласаат. Политичкиот притсок е голем дека треба да гласа „за“ во парламентот. Но не прејудицирам, може пратениците ќе гласаат и против. Јас можам само да кажам дека коалициското мнозинство ќе гласа „за“ – рече Заев.
Ако се случи, пак, додаде тој, милион граѓани да излезат на референдумот, од кои 600.000 ќе бидат против, а 400.000 за, тогаш парламентот преку пратениците повторно си носи самостојна одлука.
-Во тој случај парламентарното мнозинство ќе го поништи договорот со Грција. Ако се случи да излезат 850.000, 650.000 бидат „за“, а 200.000 против, уставот кажува дека се носи одлука во ваков случај. Кој правник и да го прашате ќе ви рече дека ако граѓаните не донесат одлука воопшто, во тој случај одлука носат институциите. Не прејудицирам како ќе гласа парламентот во тој случај, може сите да бидат „за“ може сите „против“ да гласаат – одговори Заев на новинарско прашање како ќе успее да го обезбеди двотретинското мнозинство.
-Ве повикувам да верувате дека ќе има цензус и мнозинството ќе гласа „за“. Дали договорот е неправичен или нефер доказ се реакциите во двете земји. Имаме неповторлива мож која трбеба да ја искористиме. Ние политичарите нашето го направивме, одлуките ги донесовме, имам мандат до декември 2020, овој мандат може да заврши на 30 степмври. Тука сум да носам одлука, а одлука донесов. Заев како премиеро, Мицкоски како шеф на опозицијата и сите граѓани имаме одговорност да одлучиме во кој правец ќе оди Македонија. Зад параванот сите сме сами, да гласаме како што мислиме дека треба – порача тој.