„Брако“ на Анѓушев доби државен тендер

by fokus

Фирмата „Брако“ од Велес, каде ко – сопственик е вицепремиерот Кочо Анѓушев доби тендер од државата, објави Алсат М.

За речиси 37 илјади евра компанијата треба да испорача мрежа за заштита од одрони на патишта за државната „Македонија пат“. Договорот е склучен на 9 – ти минатиот месец. На тендерот кој го распиша претпријатието кое се грижи за патиштата низ земјава се пријавиле три компании. Сепак најефтина била понудата на Брако.

Анѓушев вчера најави дека во иднина компании поврзани со него, нема да аплицираат за финансиска поддршка од државни институции. Инаку, за добиениот тендер од „Македонија пат“, фирмата Брако треба да испорача 14.360 метри квадратни заштитна мрежа, а еден метар квадратен чини 133 денари.

Поврзани новости