Јавноста да биде присутна во судската сала кога ќе биде пуштена видео снимката која е доказ во судската постапка на предметот „Поткуп“, побараа адвокатите на обвинетиот премиер, Зоран Заев. Како што рекоа тие објавените снимки на видео каналот „Јутјуб“ биле нецелосни и дека јавноста треба да ги види во целост. Заев го побара истото од судот за, како што рече, да поврати дел од изгубениот углед.
Против ова барање со обвинителите, кои рекоа дека станува збор за класифицирани материјали, што се декласифицирани само за судењето.
Советот на судии се повлече за да донесе одлука по барањето на одбраната.
На денешното рочиште требаше да сведочи бизнисменот Иван Николов Сачевалиев, но тој не беше присутен во судската сала.
Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160.000 евра од струмичкиот бизнисмен Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.