Деветгодишно момче ја застрела својата сестра затоа што не му го дала управувачот од видео игра

by fokus

Тринаесет-годишно девојче од сојузната американска држава Мисисипи почина од прострелна рана во главата откако нејзиниот девет-годишен брат ја застрелал затоа што одбила да му го даде управувачот за видео игра.

Според полицијата на Мемфис момчето зело пиштол и ја застрелало од зад грб, но останува нејасно од каде му било оружјето.

Додека се случувал овој ужасен инцидент, мајката на децата, како што пренесе полицијата, била во другата соба и ги хранела другите деца.

Полицијата ги истражува околностите за пукањето, вклучително и како оружјето – пиштол калибар 25, се нашол во рацете на толку мало дете.

Поврзани новости