Возови повторно ќе сообраќаат од Лисиче до Усје

by fokus

Железничкиот сообраќај на потегот од железничката станица Лисиче до железничката станица Усје од денеска повторно се воспоставува, информираат од МЖ Танспорт АД Скопје.

Поради тоа, потенцираат, на булеварот „Борис Трајковски“ ќе има повремени застои во сообраќајот, за извлекување и поставување вагони во фабриката Усје.

Од МЖ транспорт апелираат учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената сигнализација, за да не дојде до несакани последици.

Поврзани новости