Во кома средношколецот кој беше прегазен на голем одмор, родители денеска на протест

by fokus

15-годишното момче кое во петокот беше прегазено на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип, се уште е во животна опасност. Момчето не е компатибилно и е приклучено на апарати, велат од штипската болница.

Испровоцирани од случката, родители и граѓански активисти се организираат преку социјалните мрежи и повикуваат на протест денеска на пешачкиот премин каде беше прегазено момчето. Тие бараат да се изгради пешачки мост или да се постави лежечки полицаец на тој дел од булеварот.

Според најавите на социјалните мрежи, протестот ќе почне во 14 часот, а ќе заврши во 17 часот. Протестот ќе ја носи пораката „Преземето нешто, заштитете ги децата“. Граѓаните упатуваат коментари до локалната власт изгради пешачки мост и постојано да има полициски службеници, кои ќе ги казнуваат возачите.

15 -годишното момче беше прегазено од 68-годишен возач во петокот утрината, додека поминувало низ преминот со група ученици на голем одмор. По ударот тоа било влечено неколку метри од местото на несреќата.

Поврзани новости