Ѓорчев: Наместо за печатени медиуми, парите да се пренаменат за одгледувачите на јаболка!

by fokus

На денешната дебата за Законот за извршување на буџетот, се расправаше за доделување субвенции на печатени медиуми.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, критикуваше дека тие субвенции треба да се доделат на производителите на јаболка во преспанскиот регион.

„Како ќе реагиравте ако претходната Влада доставеше предлог. Ќе се јавеа 10 опозициски пратеници. Сугарески дрва и камења фрлаа по предлогот, а сега нудат решение. Кои ќе бидат критериуми. Владата има министерство за вистина, истата влада има министер без трофеј, без ресор. Во Преспа имате илјадници тони јабокја, земјоделците се во очај. За 10 денари добивате 20 килограми јаболка. Со овие пари, може да се помогне на илјадници земјоделци“, истакна Ѓорчев

Поврзани новости