445
Рекордни 35.000 амандмани за Законот за употреба на јазиците најавува опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пишува „24вести“.
Службите на Собранието работат со полна пареа, а дел од опозициските пратеници се во собраниската архива каде на лице место ги потпишуваат амандманите.
Седницата на која ќе се разгледува законот во трето читање е закажана за во понеделник.
Според процедурата, секој амандман може да се образложи три минути. Мнозинството најавува дека ќе се групираат, но и дека ќе бараат начин да ја ограничат процедурата.