738
Поранешниот градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски, се токми да му биде заменик на министерот Никола Димитров во Министерството за надворешни работи. Владата го планира Жерновски за ова министерство, а како што дознава „Фокус“ планот може да биде официјализиран при пролетното проветрување кое го најави Заев.
Според наши извори одлуката се уште не е донесена, но е извесно дека Жерновски ќе ја добие оваа функција. Нему му беше ветено место во Владата откако на локалните избри се откажа да се кандидира за втор мандат во Општина Центар.
Заменичкото место во МНР се уште го држи кадар на Зијадин Села од Алијанса за Албанците. Арта Точи не беше разрешена иако Села излезе од владината коалиција.