Владата го постави Рамадан Рамадани за директор на Културниот центар во Истанбул

by fokus

Владата на Република Македонија на денешната седница донесе и неколку кадровски решенија.

За Директор на Културниот центар во Истанбул, Владата го именуваше Рамадан Рамадани, досегашен вршител на должноста во истата институција. Рамадан е долгогодишен колумнист во неделникот „Фокус“, познат е како новинар, активист и политички аналитичар.

-Нашиот Културен Центар во Истанбул Турција е дел од меѓудржавен договор помеѓу Македонија и Турција, од пред многу години. Поранешната влада ништо не направи за негово подигнување и сега со ова назначување предстојува обемна работа за целосна институнационализација на тој центар. Нешто што ќе биде овозможено со сесрдна помош од ресорното Министерство за Култура и МНР. Се надеваме дека во блиска иднина ќе направиме се за да ја имплементираме нашата програма за една светла точка на културата од Македонија, но и центар за обемна и плодна културна соработка со Турција – вели Рамадани за „Фокус“.

За В.Д. Директор на Државниот комунален инспекторат Владата на денешната седница ја именувала Елизабета Јованчева.

Поврзани новости