По вчерашниот инциденти пред Клубот на пратеници помеѓу обезбедувањето и фоторепортерите, дојдени да известуваат за тековната лидерска средба, Влада денеска ги повикува снимателите и фоторепортерите на брифин.
Како што велат од таму брифингот ќе се одржи половина час пред почетокот на средбата, во Кино салата. Лидерската, пак, е закажана за 12.00 часот.
Вчера неколку фоторепортери се пожалија дека им било забрането да го фотографираат доаѓањето на лидерите. Како што рекоа тие, откако реагирале советникот за односи со јавност во Владата, Марјан Забрчанец, им рекол: „11 години ќутевте, сега најдовте да се буните“.
Забрчанец на тоа одговори дека разговарал со фоторепортерите и дека се договориле заеднички да побараат решенија за подобри теренски локации согласно безбедносните стандарди.