Автомобил удрил во велосипедист на Партизанска

by Fokus

Автомобил удрил велосипедист вчера на Партизанска, информираа од министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, вчера околу 14,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булевар “Партизански Одреди“ патничко моторно возило “Опел Астра“ со скопски регистерски таблици управувано од Г.Б.(61) од Скопје удрило во велосипед “Скот“ управуван од Б.Б.(36) од Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот кој со истото возило, бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ каде му била укажана лекарска помош.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости