ВИДЕО Слоницата Дуња се потура со песок за да се заштити од жешкото сонце

by fokus

Метеоролозите најавија за денеска жолта фаза со УВ индексот од 9 и температури до 39 степени. Ниту животните не се поштедени од жешкото време, па наоѓаат свои начини да се справат со топлотниот бран.

Од Зоолошката градина објавија видео од слоницата Дуња, која се потура со песок за да се заштити од врелото сонце.

Дуња е вистинска дама и секогаш се грижи за својот изглед. По капењето, препорачува задолжително да се намачкате со песок, за да не изгорите на летното сонце ❤️🏖️

Publiée par Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје sur Vendredi 14 juin 2019

„Дуња е вистинска дама и секогаш се грижи за својот изглед. По капењето, препорачува задолжително да се намачкате со песок, за да не изгорите на летното сонце… “, велат од Зоолошка.

Слониците во зоолошка пристигнаа во септември минатата година. И двете дојдоа од белгиската зоолошка откако претходно долги години биле дел од циркусот. За нив се изгради ново живеалиште.

Поврзани новости