Словенечкиот европратеник во заминување и известувач за Македонија во Европскиот Парламент, Иво Вајгл, во интервју за МИА вели дека Европската Унија треба да го исполни ветувањето и да се отворат преговорите со Македонија. Според него Македонија е приказна за успехот на дипломатијата и политиката.
-Мислам дури и дека е најголемиот успех на сите кои се занимавале со проблемите во Македонија. Се разбира, добро ги знам проблемите во Македонија, дека не е сѐ завршено, дека се ближат претседателски избори и знам дека сѐ уште има дилеми околу Преспанскиот договор, има партии, ВМРО, луѓе кои мислат дека Македонија не требала да прави толкави отстапки за да го обезбеди својот пат за ЕУ и НАТО. Но, тоа се сѐ хипотези. Јас сум уверен дека сѐ што е направено беше оправдано и дека иднината тоа ќе го потврди. Нема сомнеж дека ЕУ е целта која Македонија мора да ја оствари за подобра иднина и сигурност.
Околу референдумот за името јас сметам дека цензусот беше превисок и дека тоа одигра улога во крајниот резултат, може да дискутираме за тоа дали референдумот бил потполно во согласност со некои демократски принципи, бидејќи да одлучуваат луѓе кои не сакаат да одлучат, кои со себе не беа на чисто дали нешто е добро за нивната земја или не, и тие да имаат одлучувачки збор, треба да се постави прашањето дали тоа е права демократска одлука. Па, ние во Словенија сме имале референдуми кои важеле за успешни, а петнаесет отсто жители излегле на избори и донеле одлука која сите ги обврзувала. Но, секако тоа прашање и толкувањата сѐ уште се елемент зашто македонската политика не може да се обедини околу најзначајните цели.
Јас сум еден до потписниците на иницијативата да им се додели награда на Заев и на Ципрас, мислам дека навистина заслужуваат.
Велите дека Преспанскиот е вовед во европската иднина за земјата, но од друга страна проширувањето останува неизвесна политика во ЕУ во овој момент…
Секогаш кога ќе имам прилика ќе истакнувам колку е значајно да го почитува зборот што и го дала на Македонија, а тоа е да почнат преговорите во јуни. Само тоа би било чесно. Меѓутоа, европската политика, како што гледаме со Брегзит, е една политика која ја составуваат индивидуалните ставови на 28 земји. И патот до согласноста е навистина многу комплициран. Има време до јуни кога таа одлука не се донесе дефинитивно. Јас сум практичен човек, сметам дека обврските можат и на таков и на инаков начин да се исполнуваат. Можат преговорите да почнат во јуни, но тоа не значи дека знаеме кога ќе завршат и со каков ритам ќе се одвиваат. Тоа ќе зависи пред сѐ од реформскиот ритам во Македонија. Јас би оставил уште простор да веруваме дека нема сериозна причина да не почнат преговорите со Македонија. Но има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека се зборува за две земји во еден пакет, тој еден пристап може да се оправда, но може и да се каже дека имаме еден друг принцип, а тоа е принципот на индивидуална заслуга. Неправедно би било Македонија да биде заложник на ситуацијата во Албанија.
Како гледате на преговорите за СЈО и потешкотиите да се постигне компромис по ова прашање?
СЈО треба да се остави да си ја работи работата и сите треба да се заинтересирани за тоа да се доведе процесот до крај во нормални услови, затоа што значи консолидација на владеењето на правото во Македонија. И треба да се остави злоупотребите кои се случувале во минатото да се санкционираат. Тоа не треба да се гледа како реванш, туку преминување и прифаќање на правната држава и владеењето на правото како единствен начин на владеење во демократски услови.
Што мислите за барањето на опозицијата да предложат обвинител и да се смени Јанева?
Нема да навлегувам во ова, неколку пати сум се сретнал со Катица Јанева и имам многу позит