Уапсен е Џулијан Асанж

by fokus

Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж е уапсен денеска од амбасадата на Еквадор во Лондон, каде престојуваше изминативе седум години.

Еквадорскиот претседател, Ленин Морено, претходно објави дека на Асанж му се укинува дипломатскиот азил поради неколкукратно кршење на меѓународните конвенции.

Дека Асанж бил уапсен потврди и полицијата на Велика Британија.

„Викиликс“ претхдно го обвини Еквадор дека незаконски го поништил азилот на Асанж во амбасадата.

Во средата беше соопштено дека Асанж бил предмет на софистицирана шпионска операција од еквадорската амбасада во која се наоѓа од 2012 година. Кристин Храфнсон, главната уредничка на „Викиликс“, притоа истакна дека иселувањето на Асанж од амбасадата може да се случи во секое време.

Поврзани новости