451
Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека поради скината водоводна цевка корисницата на улицата „Будимпеташнска“ во Тафталиџе 2, привремено ќе останат без вода.
„Ве известуваме дека на ден 07.05.2018 поради скината водоводна цевка од Ф-100мм. од фирмата „Конструктор“ на ул. Будимпештанска бр.7 во населбата Тафталиџе 2, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица од 14:00 часот до санирање на дефектот“, соопштија од таму.
Од јавното претпријатие додаваат дека дефектот на Бул. Александар Македонски бб во Автокоманда е саниран и дека водоснадувањето е нормализирано во 14:00 часот.