559
Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, го осуди нападот врз градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис. На својот твитер профил Ципрас напиша дека напаѓачите се екстремни десничари кои треба да бидат казнети.
„Оние кои го нападнаа градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, не се ниту огорчени граѓани ниту маса народ. Тие се едноставно екстремни десничари кои треба да се соочат со последиците од нивните постапки“, напиша Ципрас и додаде:
„Се додека политичките сили дозволуваат екстремно десничарските маргиналци да се кријат зад наводното патриотско чувство, змијата на фашизмот директно ќе ја загрози демократијата.“