397
Во угостителски објект на царинскиот терминал на Граничниот премин Делчево, 56-годишниот Д.Г. од село Звегор, Делчево и 48-годишниот С.М., цариник на терминалот, најпрво почнале вербална расправа, што подоцна преминала во физичка пресметка.
– Вчера околу 18.00 час било пријавено дека во угостителски објект лоциран на царинскиот терминал на Граничен премин Делчево дошло до вербална расправија помеѓу Д.Г.(56) од с. Звегор, Делчево и С.М.(48), царинарник на терминалот на Царинската испостава – Делчево која прераснала во физичка пресметка, информира МВР.
Оттаму додаваат дека се работи на целосно расчистување на случајот.