Судење за смртта на родилката Кадиева и нејзиното бебе, одбраната негира дека лекарите биле пијани

by fokus

Тројцата лекари обвинети за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното новороденче, денеска седнаа на обвинителна клупа во судот во Велес, јави Телевизија 24.

Пред судот исказ даваа вештаците, кои одговараа на прашања на бранителите и обвинителството, околу околностите кои довеле до смртта на младата жена и нејзиното бебе.

Обвинителството сака да докаже дека двајцата анестезиолози работеле под дејство на алкохол и дека тоа е причината за нестручната анестезија, што довело до смрт. Еден од вештаците, на прашање на судијката, потврди дека алкохолот влијае на моториката на анестезиолозите, при изведување на интубација. Одбраната негира дека лекарите биле пијани.

За смртта на 32-годишната Маја Кадиева и нејзиното новороденче, кои починаа пред две ипол години, обвинети се анестезиологот Томчо Ванчев и гинеколозите Венци Чалков и Дончо Москов. Четвртиот лекар кој доби обвинение, анестезиологот Зоран Јовановски почина пред да почне судењето.

Поврзани новости