393
Поради несогласувања околу фискалната сметка завчера настанала тепачка помеѓу гостите и персоналот во еден ресторан во Македонски Брод.
Според полицијата инцидентот се случил во 21 часот во угостителски објект во месноста „Пешна“. Најпрво настанала вербална расправија, а потоа и физичка пресметка.
Двајца гости на возраст од 23 и 25 години се степале со четворица од персоналот на ресторанот.
Настанот бил пријавен во полиција, по што интервенирале полициски службеници.