Охриѓанец фрлил солзавец во тоалет на ноќен клуб, тројца скопјани завршиле во болница

by fokus 14:01
14:01

Во секторот за внатрешни работи во Охрид синоќа во 01.30 часот било пријавено нарушување на јавниот ред и мир. Како што информираат од полицијата охриѓанец со иницијали О.М. фрлил предмет во тоалетот од еден угостителски објект, предмет кој испуштал силна миризба, велат од МВР.

Поради тоа три лица од Скопје се пожалиле на болки и солзење од очите.

- Advertisements -

„Набргу била повикана итната медицинска помош со чие возило лицата се пренесени на очното одделение во Општата болница во Охрид каде им е укажана неопходна медицинска помош. Се работи на целосно расчистување на случајот“, додаваат од МВР.

Поврзани новости