Тарвари: Ова е моја најтешка прес конференција, Џехја Меџити стана шаховска фигура во политичките игри

by fokus

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, денеска одржа прес конференција на која рече дека несреќниот случај во кој животот го загуби 17-годишно девојче нападнато од агресивно куче, не е предизвикан од никаква небрежност. Џехја Меџити, како што рече тој, е жртва на судбината која си поигрува со вакви трагедии.

Тој повика да не се користи случајот за политички игри и препукувања.

-Девојката почина без да знае дека нејзината смрт ќе стане политичка игра, а таа шахоска фигура. И покрај гневот акумулиран овие деновие не дозволивме да паднеме на ниво на политичите кампањи. Според полицискиот извештај појаснето е зошто се случи несреќата, се што проилезе од гласините не е точно. Вистината е најтешка, тоа е нејзината загуба. Секој новинар, граѓанин,  политички аналитичар или криминалец е слободен да оди и да се информира во полицијата за тоа што се случило – рече градоначалникот кој не сакаше да изнесе детали од полискиот извештај.

-Лекар сум по професија, но не научив да бидам силен во овие случаи. Ќерката на семејството Меџити нека биде близу до Бога. Им благодарам на гостиварци за укажаната солидарност додека се трагаше по телото. Го молам Бога да ни ја ублажи болката. Ова е една од најтешките прес конференции кои сум ги одржал и да даде Господ да биде последна од ваков вид. Нека почива во мир – порача Таравари.

Тој рече дека се прават анализи дали да се огради во иднина коритото на реката Вардар. На премиерот му се заблагодари затоа што изјавил дека станува збор за општествен проблем кој треба да се реши со промена на законите.

-Овој проблем треба да се реши системски на ниво на цела држава. Дали можевме повеќе, не верувам дека можеше повеќе за една година да се направи. Засолниште имаме, третманот ќе го интензивираме. Невозможно е да третираме 400 кучиња за една година. Ќе активираме уште две екипи за заловување на кучиња – додаде тој.

Градоначалникот претходно им се извини на медиумите што доцни 15 минути на прес конференцијата. Како што рече тој родителот на починатото 17-годишно девојче било планирано да присуствува на пресот, но три часа бил задржан во полиција.

-Не го пуштаат да излезе, сигурно нема лоши намери, сигурно е поради истражните мерки – рече тој.

Поврзани новости