440
Градоначалникот на Гостивар и поранешен министер во Владата на Заев, Арбен Таравари, ги критикува скандалите што изминативе недели се појавуваат поврзани со владејачката гарнитура. Според него и актуелната Владата и поранешната на Никола Груевски се слични кога станува збор за корупциските скандали, ги разликуваат само прислушуваните разговори.
„Разликата помеѓу владите на ВМРО-ДУИ и таа на СДСМ-ДУИ е во тоа што во време на претходната власт беа потребни прислушуваните разговори за откривање на скандалите што ги направија во минатото, додека сегашната влада на СДСМ-ДУИ ја следат скандали уште во првите фази од нејзиното формирање“, вели Таравари.