Сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, во изјава за „24ВЕСТИ“ вели дека автобусот кој се преврте во средата бил исправен. Во изјава за телевизијата тој вели дека вработени во компанијата се слушнале телефонски со возачот и дека тој за нив ја открил причината за несреќата, односно дека изгубил контрола над самиот себе додека управувал со автобусот.
-Одговорно лице во „Дурмо турс“ стапи во контакт со возачот по несреќата. Тој кажал дека бил свесен и дека изгубил контрола, во повторно прашање дали изгубил контрола над автобусот, или над самиот тој, одговорот бил дека над самиот. Верјатно заради здравствени причини. Автобусот се движел околу 200 метри, нема ни трага на кочење ниту реакција на возачот – вели Белули.
Тој додаде дека чувствува морална одговорност и дека сочувствува со семејствата на загинатите.
-Тие беа членови на нашето семејство, со години патуваа со нас. Во Гостивар со сите се знаеме. Жалиме длабоко, потресени сме и во шок – порачува сопственикот на компанијата.