Денеска почна третото продолжено и засилено прскање против комарци во Скопје. Од Град Скопје велат дека поради зголемените врнежи во изминатиот период се создаде поволна клима за брзо размножување на комарците, па е одлучено третото прскање наместо два дена да трае 4 дена со што се зголемува интензитетот на заштита.
Наспроти реакциите од јавноста, за да ги докажат своите тврдења Град Скопје објавија и видео од, како што велат, утринското прскање, но видеото е поставена на каналот Јутјуб пред еден месец.
„Третото авионско прскање против возрасни форми на комарци денеска се изврши во раните утрински часови, а ќе се одвива и во наредните три дена, односно до 13 август (понеделник). Потоа, прскањето ќе продолжи од земја и ќе се одвива во деновите од 13 август до 17 август (од понеделник до петок), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден. По ова продолжено и засилено прскање Град Скопје ќе изведе уште две прскања против комарци што се планирани кон крајот на август и на почетокот на септември“, велат од Градот.