Службеничка вработена во Секторот за урбанизам во Општина Охрид заработи кривична пријава затоа што и овозможила на вдовица да се стекне со целокупниот имот на нејзиниот веќе починат сопруг, при тоа нанесувајќи штета на неговата ќерка.
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К. (67) од Охрид, за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во период од октомври до декември 2016 година, пријавената во својство на виш соработник во Секторот за урбанизам, управување со градежно земјиште при Општина Охрид, несовесно постапувала во управен предмет за утврдување правен статус на бесправни објекти, при што без доставено правосилно оставинско решение од надлежен нотар, изготвила Решение за утврдување правен статус на бесправни објекти, урбанистичка согласност за бесправен објект семејна куќа запишана во имотен лист на име и во корист на Л.Б., со што овозможила истата да се стекне со целокупниот имот од нејзиниот покоен сопруг, при што била нанесена штета на неговата ќерка А.Б“, соопштија од МВР.