Шилегов потврди дека партиски кадри се поставени во надзорните и управни одбори и рече дека не е крај на светот

by fokus

Во изборот на членови на надзорните и управните одбори се вклучени и партиски кадри на СДСМ, но и луѓе од администрацијата, рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, по обвинувањата од опозицијата во градското собрание дека за членови се избрани лица без компетенции и по партиска линија.

Како што рече градоначалникот, не е крај на светот тоа што се сменети членовите на управни и надзорни одбори претходно поставени од власта на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, советничката група на оваа партија се обидува да ја дефокусира јавноста.

-Со спинови ја дефокусираат јавноста од одлуката која е донесена за поскапување на водата во комплексот Железара. Станува збор за тргање на партиските кадри од управните и надзорните одбори кои се именувани од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што ги сменивме партиските послушници на ВМРО ДПМНЕ не е крај на светот – рече Шилегов.

 

Поврзани новости