Командантот на Командата на американските сили во Европа и Врховната команда на НАТО за Европа, генерал Куртис Скапароти, денеска ја посети касарната „Илинден“, заедно со делегацијата од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, порача дека добила уверување од генералот Скапароти и целосна поддршка за нашата држав за членство во Алијансата.
„Чест е да се биде домаќин на Командантот на Врховната команда на НАТО и Командант на американските сили во Европа, генералот Куртис Скапароти. Поканата за членство во НАТО ја стави нашата земја на мапата за посети на највисоки воени и политички претставници. Од генерал Скапароти добив уверување дека како држава, како Влада и Министерство за одбрана ја имаме целосната поддршка за успешно да ги направиме претстојните финални чекори кон полноправно членство во Алијансата“, посочи Шекеринска.