507
Советот на Град Скопје донесе одлука за воведување на А0 зона за паркирање во главниот град која ќе ги опфати паркиралиштата на Кале и на Средно Водно.
Паркирањето во таа зона ќе се наплаќа по 100 денари за првиот час, а секој нареден час по 50 денари, стои во Одлуката за дополнување на Ценовникот на ЈП „Градски паркинг“.
Одлуката е на предлог на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, а ќе стапи во сила веднаш по објавувањето.
Досега ЈП „Градски паркинг“ немаше А0 зона, а во А зоните беше дозволено паркирање од најмногу два часа.