16-годишно момче од Сремска Митровица се води за исчезнато, откако во саботата вечерта излегол од дома и повеќе не се вратил. Неговата мајка стравува дека момчето се фрлило во реката Сава поради љубовна кавга.
„Излезе од дома во 21.45 часот во саботата. Не го понесе со себе ниту телефонот, ниту документите, никакви лични работи. Знаеме дека се скарал со девојката и дека и рекол дека ќе се убие“, вели мајката на исчезнатиот Александар Јовановиќ, пренесуваат српските медиуми.
Нешто подоцна вечерта граѓани пријавиле во полиција дека виделе како човек скокнал во реката од мостот во близина.
„Ми рече дека ќе читам за него во црна хроника и го прекина разговорот. Луѓето кои таа вечер биле на мостот кој е недалеку од нашата куќа, велат дека околу 22 часот виделе едно лице во црна јакна како скока од мостот“, вели потресената мајка.
Нуркачи и полиција со чамци од вчера ги пребаруваат водите на Сава.