704
Тепачка меѓу вработените се случила вчера попладнето во пицерија во Прилеп. Келнер во пицеријата подоцна пријавил во полиција дека бил нападнат од негов колега.
„На 02.02.2019 година во 15.50 часот во Полициската станица Прилеп, В.Т.(20) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 14.00 часот, додека бил на работа како келнер во пицерија во Прилеп, физички бил нападнат од неговиот колега В.Н. и лицето А.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од МВР.