Државен службеник си присвоил осум мобилни телефони, поднесена кривична пријава

by fokus

32-годишен велешанец, со иницијали Д.А., вработен во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, се товари дека го оштетил Министерството за нешто над 7.000 евра, присвојувајќи си осум службени телефони. Против него е поднесена кривична пријава за две кривични дела „проневера во службата“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“.

Д.А. бил вработен како помлад соработник за нормативно правни работи, а кривичното дело наводно го сторил на 15.05.2017 година кога ги присвоил мобилните телефони.

„На 28.04.2017 година до мобилен оператор било испратено „корегирано барање“ од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со кое бараат испорака на осум мобилни телефонски апарати врз основа на субвенционирање на претплата на телефонските броеви задолжени на министерството. Бараните телефонски апарати биле испорачани на 12.05.2017 година, а пријавениот ги примил во име на министерството, но не ги предал за да бидат заведени како основни средства во сметководствената евиденција, туку ги присвоил за себе и го оштетил мистерството за 440.950 денари. После тоа, ја уништил и испратницата“, велат од полицијата.

Поврзани новости