459
54-годишниот И.Д. кој бил притворен во Затворот во Битола бил пронајден обесен утринава околу 06.00 часот. Притвореникот бил пронајден од страна на вработен во затворот.
Смртта е констатирана од страна на лекар од Брза помош. Од страна на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Увидот е во тек.