Заев: Оптимист сум дека ќе најдеме решение за името

by Фокус

Премиерот Зоран Заев изјави по последната рунда разговори во Виена на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коцијас со медијаторот Метју Нимиц, е поголем оптимист дека може да се најде решение за спорот со името.

– Денеска имав едночасовна средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров. Ги знам сите детали и драго ми е што можам да потврдам дека има позитивен исчекор во разговорите. Тоа, секако, е само исчекор. Условеноста во разговорите значи дека имало договор и за оние прашања кои сега се исчекор кога комплетно би се договорило се. Тоа дава можност на еден навистина отворен пријателски начин двајцата министри слободно да реазговараат за секој сегмент на чувствителноста на прашања за конечно да се изнајде решение за проблемот за името. Ако некој ме праша дали сум повеќе или помалку оптимист и позитивен, јас сум повеќе позитивен и поголем оптимист после оваа средба што Димитров ја имаше со Коѕијас во Виена под раководство на посредникот Метју Нимиц – изјави премиерот Заев.

Тој  најави дека лидерска средба поврзана за спорот за името би можело да се одржи по велигденските празници.

Поврзани новости