Ѓорѓе Иванов работи на директна штета на граѓаните, против Македонија и против македонската иднина, велат од владејачката партија откако претседателот, Ѓорге Иванов, испрати соопштение до јавноста и од Собранието во кое известува дека нема да го потпише законот за ратификација на договорот со Грција.
„Во клучниот период кога земјава е пред шанса за добивање на датум за почеток на преговори за членство во ЕУ и пред шанса за добивање покана за влез во НАТО, Иванов продолжува со деструктивните политики со што нанесува штета на државата и граѓаните. Нема поголемо дело против државата и граѓаните од погрешното, деструктивно однесување на Иванов денеска но и во изминатите години, кој освен одбрана на криминали, заштита на насилници не направи ништо за Република Македонија и нејзините граѓани“, велат од СДСМ.
Од таму додаваат дека Иванов не смее да ја кочи македонската иднина и дека за иднината не одлучува тој, туку сите граѓани на референдум.
„Постигнатиот Договор меѓу Македонија и Грција е патриотски чин, го заштитува и зацврстува македонскиот идентитет и обезбедува полноправно членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ. На референдум, граѓаните слободно ќе ја искажат својата волја и ќе одлучат за македонската иднина. Граѓаните ќе кажат ДА за македонската иднина!“, соопштија од Центарот за комуникација на СДСМ.