Од владејачката СДСМ тврдат дека членството на ВМРО-ДПМНЕ е принудено да се потпишува на претседателската кандидатура на професорката Гордана Силјановска.
„Се потврди она што јавноста веќе добро го знае, дека изборот на кандидатката на Мицкоски е обична фарса, тој самиот ја избра. Соочен со изгубената поддршка од граѓаните но и внатре од своите сопартијци и пратеничката група Мицкоски ги принудува членовите на ВМРО-ДПМНЕ да собираат потписи. Бидејќи очигледно немаат доверба ниту во сопствените членови Мицкоски и Силјановска бараат од нив да потврдат дека се попишале со самосослк или т.н. селфи“, велат од СДСМ.
Од таму додаваат дека тоа е вообичаениот начин на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски за идентификација, односно лоцирање на оние членови кои постапуваат спротивно на наредбата на партискиот шеф.
„Толку од професорката од Правниот факултет и наводната борба за владеење на правото. Силјановкска му се поклони на Груевизмот и на дело започна да го применува меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ“, тврдат од таму.