Рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербак, рече дека е политичка нарачка одлуката на македонската Влада да протера руски дипломат. Тој ги отфрли обвинувањата на македонското Министерство за надворешни работи, дека рускиот дипломат бил инвовлиран во шпионски активности.
-Одлуката на македонските власти да го протераат руски дипломат предизвика кај нас чувство на длабоко жалење. Оваа одлука има неоснован карактер и е без преседан за целата историја на билатералните односи меѓу Русија и Македонија. Претпоставуваме дека во Скопје одлучија да го преземат овој непирјателски чекор под влијание од надвор, но оваа околност на никој начин не ги ослободува македонските власт од одговорност и последици – рече Шчербак.
Тој посочи дека оваа, како што рече, избрзана и кусогледа антируска акција се коси со повеќе пати декларираните ставови на Република Македонија за развој на конструктивни односи со Русија.
-Руска федерација е постојано членка на советот за безбедност во ОН, одговорен член на меѓународната заедница и многу одговорно се однесува кон своите меѓународни и билатерални односи. Нашата земја има длабоки и стари традиции во дипломатијата и немаме пракса да избрзуваме во одлуките и нашите чекори. Во дипломатската праска протерувањето на дипломат претставува сериозен и непријателски чекор и во свое време ние ќе вратиме со наш одговор и ќе дадеме наш одговор, но овој одговор ќе биде адекватен и многу добро промислен од сите страни – рече амбасадорот.
Што се однесува до изјавата за шпионски активности на рускиот дипломат, амбасадорот на Русија рече дека македонската страна не сака или не може да обезбеди докази за таквите тврдења.
Шчербак ги отфрли категорично како невистините обвинувањата дека Русија стои зад труењето на Јулија и Сергеј Скрипал. Од јавноста, рече тој, се кријат податоци дека во тој реон пред труењето на семејството Скрипал се одржувала годишна обука под назив „токсична кама“. За време таа обука, рече, биле одржувани вежни за употреба на хемиско и билошко оружје.
-Нашите законски барања да ни бидат дадени обрасци на таа хемиска супстанца употребена против семејството Скрипал, според член 9 на конвенцијата, беа категорично одбиени. Комплексната анализа на овие околносити сведочи за незаинтересираноста на британските власти да ги дознааат вистинските мотиви и да ги утврдат сторителите на злосторството. Тоа не поттикнува на мисла за возможно евентуално учество на безбедносните специјални служби на Велика Британија. Доколку на руската стра не и бидат обезбедени конкретни цврсти докази на, ќе сметаме дека во овој момент станува збор за атента врз живот на нашите согрѓани и како најголема политичка провокација – порача тој.