382
Премиерот Зоран Заев на денешната парламентарна седница за пратенички прашања изјави дека е задоволен како тргнаа процесите на севкупните реформи во земјава, вклучително и во правосудството.
-Ќе правиме се да имаме разбирање за ставовиве на опозицијата и дава надеж тоа што реформите се национална определба. Ако опозицијата гласа за законите во правосудството, тоа ќе биде најдобра гаранција за нивна имплементација – рече Заев.
Во таа насока, тој додаде дека вчера бил формиран Советот за имплементација на стартегијата во правосудството.