Сашо Дукоски со иницијатива до Уставен суд: Законот за амнестија треба да важи за сите осуденици

by fokus

Адвокатот Сашко Дукоски поднесе иницијатива за уставноста на законот за амнестија, во кој е наведено за кои кривични дела не важи амнестијата.

Според Дуковски Законот ги прави осудениците нееднакци, со што, вели спроведеното законско решение е спротивно на уставното начело за еднаквост на граѓаните пред Уставот и законите.

Како што напиша Дукоски на својот фејсбук профил, со Законот е повредено начелето за владеењето на правото. Инцијативата е во однос на член 9 од уставот каде е наведено дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законот, а член 8 од Уставот вели дека темелни вредности на уставниот поредок се владеење на правото и основните човекови права.

Тој посочува дека пред Уставот сите граѓаните се еднакви, со што не е уставно, како што вели, амнестијата да важи за едни, а не за други.

Поврзани новости