Прилепчанец побарал да преноќи кај пријателка, следниот ден го нашле мртов

by fokus

Прилепчанец на возраст од 30 години е пронајден мртов во домот на пријателката откако претходната вечер се појавил на нејзината врата на улица „Благоја Николовски“ во Прилеп и побарал да преноќи.

Веќе починатиот Р.Ѓ. објаснил дека се скарал со неговите родители и побарал од 27-годишната Н.А. да остане по што се качил на катот од куќата.

Откако истиот бил пронајден без знаци на живот, била повикана Итна медицинска помош и од страна на лекар била констатирана смрт. Случајот вчера во 13.00 часот го пријавила Н.А.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС-Прилеп. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Поврзани новости