Сообраќајната несреќа на патот Кичево-Македонски Брод, која се случи вчера попладне, и во која загина тримесечно бебе, настанала кога еден од автомобилите во обид да заобиколи камион влегол во спротивна лента, велат од Основното јавно обвинителство.
Според првичните информации, несреќата се случила кога возачот на патничко моторно возило марка Голф со охридски регистарски таблички што се движел од Македонски Брод кон Кичево, направил обид за претекување на товарно возило – влекач со приколка марка ТАВ со кичевски регистарски таблици. При претекнувањето, возилото Голф удрило во патничко моторно возило Алфа Ромео со регистарски таблички од Република Словенија, што доаѓало од спротивниот правец.
Во тешка сообраќајна несреќа животот го загуби тримесечно бебе, а петмина учесници во сообраќајот се тешко повредени. Патниците на двете патнички моторни возила со тешки телесни повреди се пренесени во медицински установи за укажување натамошна помош.
По Наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево прибрани се траги од лице место. Претстои нивно вештачење, како и сообраќајно техничко вештачење за утврдување на околностите за настанот.