Во рамки на предистражната постапка од МТСП било побарано и до ОЈО дополнително доставило документи кои се однесуваат на вршењето на надзорот на Министерството врз работата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. До овој момент, до ОЈО не се пристигнати побараните извештаи од Државниот завод за ревизија за извршените ревизии во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во критичниот период.
-Јавниот обвинител ќе одлучи доколку е неопходно да се преземат и други дејствија во текот на предистражната постапка. Од досегашните проверки, обвинителството утврди дека не е загрозено правото на пензија на осигурениците во Република Северна Македонија, се вели во соопштението.
Од обинителството потсетуваат дека на 8 февруари годинава, надлежниот јавен обвинител кој постапува по поднесената кривична пријава, го испита и подносителот на пријавата, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.