Абдулфетах Алјими, собранискиот обезбедувач, кој на 27 април беше претставен како спасувач на Зијадин Села при нападот во Парламентот, но потоа беше обвинет во вториот предмет за крвавиот цетврток, денеска сведочи во Кривичникт суд за обидот за убиство на пратеникот Села.
-Влегов во прес салата веднаш по упадот на толпата. Тогаш во очи ми падна Зоран Заев, Зијадин Села, Оливер Спасовски, Талат Џафери и уште неколку пратеници. Заев имаше крв на главата, а внатре беше хаос. Се бараше шиптарска крв. Овие зборови доаѓаа од толпата, која беше многу насилна. Заедно со уште еден колега колку што можевме ги браневме пратениците, но и навинарите- рече сведокот кој истакна дека глетката била страшна, опишувајки дека било како на филм.
Сведокот истакна дека имал чуство дека се сретнале со смртта.
– На Заев му викаа ти си шиптар, ти си продадена душа, а извикуваа и по Талат Џафери и по Зијадин Села. Фрлаа со монитори и столици кон Села – истакна сведокот.
В.В.