Маричиќ од Брисел: Во недела со син ми ќе заокружиме ЗА!

by fokus

Советникот за надворешна политика во Владата, Бојан Маричиќ, се пофали на фејсбук дека се наоѓа во Брисел каде е во својство на главен технички преговарач во скрининг процесот за пристапување во Европска Унија, кој започнува денеска. Тој изрази оптимизам на својот фејсбук профил и најавува дека во недела ќе излезе на гласање со целото негово семество, вклучувајќи го и неговиот син.

„Вечерва пристигнавме во Брисел за да го започнеме скринингот кој не’ носи до преговори со ЕУ. Македонија стана кандидатка за членство во ЕУ во 2005 година. На ова чекавме 13 години. Европската иднина повеќе не е далечна и апстрактна. Нашата генерација ќе го оствари својот сон за Европска Македонија. Ние и нашите деца ќе бидеме граѓани на ЕУ како Македонци. Затоа во недела ќе излезам со целото мое семејство и заедно со син ми ќе заокружиме ЗА. Да живее Европска Македонија!“, порача Маричиќ.

Инаку Македонија денеска го почнува скрининг-процесот. Во Европската комисија во Брисел се наоѓа 40-члена делегација составена од експерти од надлежните државни институции кои имаат надлежности во дадената област, предводена од главниот политички преговарач вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, а во нејзиниот состав се и министерката за правда Рената Дескоска.

Поврзани новости