Пендаровски: Македонија да прогласи воено-политичка неутралност е алтернатива без ефект во ваков регион

by fokus

Прашањето за Македонија не е дали постојат алтернативи за членството во НАТО, туку дали тие алтернативи се доволно квалитетни за земјата, изјави денеска националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски.

Тој ова го посочи на научната тркалезна маса „Алтернативи на и за НАТО: интеграција на Република Македонија, политичка реалност, идни решенија и можности“, која се одржа денеска на Факултетот за безбедност во рамки на Дипломатскиот форум.

Според него, првата алтернатива е Македонија да прогласи воено-политичка неутралност, но тоа е, како што кажа, утопија во регионот во кој живееме и нешто што нема да има практичен ефект.

– Втората алтернатива е влез во евроазиски асоцијации. Базирано на анализи тоа нема да има никаква додадена вредност за Македонија. Во тие сојузи не постојат услови за членство и не вршат евалуација на нивото на усогласеност на политиките, рече Пендаровски.

Посочи дека придобивките за Македонија од членството во НАТО се огромни –  заедничка заштита од кибер криминал, заедничка одбрана од разорниот ефект на т.н лажни вести.

– Најпогубно е да се повлечеме и да се затвориме дома. Ако не добиеме покана не е крај на светот. Битно е да продолжи преговорачкиот процес, додаде Пендаровски.

Истакна дека ЕУ и НАТО се школи за демократијата во посткомунистичките држави.

 

 

Поврзани новости