Мицотакис: Важни се Уставот, иредентизмот и идентитетот на нашите соседи

by Fokus 14:57
14:57

Не нѐ засега само прашањето со името, туку нѐ засега и прашањето со Уставот, а особено нѐ засегаат прашањата со иредентизмот и идентитетот на нашите соседи, вели лидерот на опозциската Нова демократија во интервју за грчкото радио Реал фм.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис вели дека кога се отворил прозорецот на можност, Ципрас започнал со тајна дипломатија, не ја известил опозицијата, напротив се обидел да ја подели, а го поделил и општеството.

- Advertisements -

– Ние од прв момент, што рековме? Го поставивме прашањето во правилна димензија. Рековме дека не нѐ засега само прашањето со името, туку нѐ засега и прашањето со Уставот, а особено нѐ засегаат прашањата со иредентизмот и идентитетот на нашите соседи. Да почнеме од овие прашања. Владата не започна од овие работи, започна говорејќи само за името, а во продолжениe го смени ставот и дојде на нашата позиција, споменувајќи ја уставна ревизија како неопходна – рече Мицотакис во интервјуто.

 Претседателот на најголемата грчка опозициска партија, на прашањето каква би била позицијата на Нова демократија, доколку договорот е во рамките на позициите на партијата и како таков дојде за гласање, рече дека се резервирани додека не видат што ќе донесе грчката влада во парламентот.

– Не сме стигнати до таму. Јас ја немам предвидено позицијата на Нова демократија. Ќе разгледаме каков било договор. Но, сакам да повторам уште еднаш дека владата, со ова прашање, за жал го подели општеството и создаде еден супстрат во грчкото јавно мислење што отежнува постигнување било каков договор во овие услови – рече Мицотакис и уште еднаш го повтори неговиот веќе добро познат став дека нема да ги обединат „Скопјаните, делејќи ги Грците“.

Поврзани новости