519
СДСМ ќе паузира со големите настани, митинзи и јавни трибини за време на велигденските празници. Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, следните три дена ќе го намали своето присуство во јавноста, за да го испочитува мирот на граѓаните. Утре, во сабота и во недела нема да има митинзи, освен средби со граѓаните, велат од СДСМ.
-Предвидени се само средби со граѓаните, кои ќе бидат прилагодени на празничната атмосфера. Немаме намера да им досадуваме на граѓаните ниту да ги оптеретуваме –велат од штабот на Пендаровски и додаваат дека следниот митинг ќе биде во Аеродром.
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека се уште немаат план за активностите на Гордана Силјаноска во следните денови.