ДИК: На три избирачки места имало вишок ливчиња во гласачките кутии

by fokus

Државната изборна комисија (ДИК) поништи три избирачки места во Кавадарци и Куманово, бидејќи во сите три случаи било пронајдени по едно гласачко ливче плус.

Па така ДИК поништи едно избирачко место во Кавадарци каде што гласале 368 гласачи, но при пребројувањето биле најдени 369 ливчиња. Лицето коешто гласало не било во Избирачкиот список. Комисијата, исто така, донесе одллука да се разреши избирачкиот одбор на тоа гласачко место.

ДИК поради истата причина, поништи уште едно гласачко место во Кавадарци каде што гласале 402 гласачи, а биле пронајдени 403 ливчиња. Поништено е и избирачко место во Куманово, каде што гласале 280 луѓе, а во кутијата имало 281 ливче.

Поврзани новости